Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино

May 26, 2024
1 min read

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до Државната изборна комисија за прегласувањето на изборното место 2101 во село Ларце во општина Желино, потврдуваат за МИА од ДИК. 

Други приговори за прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица до ДИК нема пристигнато. 

ДИК е должна да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на приговорот. На решението од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата. 

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ИОМ: Нов биланс – Повеќе од 670 загинати во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

Следно

„ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ ФИЛМ КОЈ ОСВОИ ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН, СНИМЕН ПО МАСАКРОТ ВО ШТРПЦИ, БОСНА, ВО 1993

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop