Клеверли: Нема нуклеарна ескалација поради муниција со осиромашен ураниум

March 22, 2023
1 min read

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека нема опасност од „нуклеарна ескалација“ во војната во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше Велика Британија поради снабдувањето на украинските сили со тенковска муниција со осиромашен ураниум.

Клеверли рече дека Русија е единствената земја која зборува за растечкиот нуклеарен ризик, а муницијата, тврди тој, е конвенционална.

„Нема нуклеарна ескалација. Единствената земја во светот која зборува за нуклеарни прашања е Русија. Нема закана за Русија, тука се работи исклучиво за помош на Украина да се одбрани“, рече Клеверли на презентацијата на британската меѓународна технолошка стратегија.

Тој рече дека е важно сите да разберат дека, како што тврди тој, „само затоа што зборот ураниум е во името на муниција со осиромашен ураниум, тоа не е нуклеарна муниција, тоа е чисто конвенционална муниција“.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави вчера дека плановите на Велика Британија да испорача гранати со осиромашен ураниум на Украина укажуваат на подготвеноста на Западот да се бори со Русија до последниот Украинец.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Зеленски објави снимка: Погледнете како руска ракета погоди станбена зграда во Запорожје

Следно

Голема полициска акција во Тирана, уапсени 20 дилери на дрога

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop