Кисела Вода е прва општина која воведе бесплатна помош при врсничко насилство

1 min read

Кисела Вода соопшти дека е прва општина која ќе понуди системско решение за справување со врсничко насилство (булинг). На денешната седница на Локалниот совет за превенција, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја промовирал првата од сетот мерки која ќе им биде на расплагање на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски.

-Од денес функциоира телефонската линија 078/358-639 на која тие може да добијат поддршка од тим од психолози од невладиниот сектор, кои потоа, во координација со општинските служби, ќе делуваат директно во училиштето за спречување на насилната појава. Истото се спроведува заедно со Младински центар „Крик”, чиј претседател, Мила Ангелевска-Кардафова, е еден од психолозите кои ќе овозможи бесплатна помош и поддршка, соопшти Кисела Вода.

Градоначалникот  Ѓорѓиевски истакна дека справувањето со булингот бара сеопфатен пристап, кој го вклучува семејството, врсниците, но и институциите и дека многу често тој не се препознава, се игнорира, а понекогаш и се минимизира, оневозможувајќи на тој начин жртвата да добие помош.

-Превенцијата е првата станица. Училиштата кои се во наша надлежност, се места каде најчесто се случува агресивното однесување, а тоа не застанува таму, туку продолжува да ги следи децата во домот преку интернет-мрежите. Потребна е едукација. И за децата, без разлика дали се жртви или се сведоци на булинг, и за наставниците и директорите во училиштата и градинките, кои не смеат да бидат само неми набљудувачи. Решението има адреса. Но некој треба проблемот да го пријави, треба да реагира и да ја заштити жртвата, рече градоначалникот. 

Во изминатиот период во основните училишта во Кисела Вода, додаде Ѓоргиевски, општината постави кутии за анонимни пријави за меѓуврсничко насилство, а новоотворената телефонска линија е уште една мерка за справување со булингот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Чавушоглу: Палестина, џамијата Ал Акса и Ал Кудс се нашата црвена линија

Следно

ПО 3 ГОДИНИ: Германија прогласи крај на корона епидемијата

Latest from Blog

Трамп казнет со 9.000 долари

Помалку од седум месеци пред претседателските избори во ноември, на републиканскиот кандидат Доналд Трамп му се