Кина ги отвора своите граници за странски туристи по првпат од 2020 година

March 14, 2023
1 min read

Во областите за кои не беше потребна виза пред пандемијата ќе се врати безвизниот режим, соопшти Министерството за надворешни работи

Кина објави дека ќе ги отвори своите граници за странски туристи првпат по три години од избувнувањето на пандемијата на ковид-19, така што од утре ќе го обнови издавањето на сите видови визи.

Последната мерка за прекугранична контрола поради ковид-19 беше укината откако властите прогласија победа над пандемијата минатиот месец. Поттикнувањето на туристичкиот сектор треба да помогне во зајакнувањето на кинеската економија вредна 17 милијарди долари, која минатата година ја забележа една од најбавните стапки на раст во речиси половина век.

Во областите за кои не беше потребна виза пред пандемијата ќе се врати безвизниот режим, соопшти Министерството за надворешни работи. Тие го вклучуваат јужниот туристички остров Хаинан и преминот со брод за крстарење низ шангајското пристаниште.

Безвизниот влез во јужниот производствен центар Гуангдонг ќе важи и за странците од Хонгконг и Макао. Министерството, исто така, објави дека странците со важечки визи издадени пред 28 март 2020 година ќе можат да влезат во Кина.

Влезните и излезните меѓународни летови минатата недела се зголемија за повеќе од 350 отсто во споредба со истиот период во 2022 година на речиси 2 500 лета, според „АПП флајт мастер“ (APP Flight Master). Сепак, ова е само 17,4 отсто од летовите од 2019 година.

Само 115,7 милиони прекугранични летови биле регистрирани во Кина во 2022 година, а само 4,5 милиони биле во странство. Пекинг ја напушти својата драконска политика за нулта ковид во декември, а во јануари го укина барањето за самоизолација за патниците по пристигнувањето во Кина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Започнува изградбата на нов мега-парк во Чаир, еве како ќе изгледа

Следно

Квебек: Двајца загинати, деветмина повредени откако комбе влета во група пешаци

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop