Ким: Северна Кореја истрела балистичка ракета за да предизвика страв кај непријателите

March 17, 2023
1 min read

Северна Кореја денеска потврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета со цел, како што наведе, „да им влее страв на непријателите“.

Ракетата беше лансирана вчера изутрина, неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол да се сретне со јапонскиот премиер Фумио Кишида на самит, делумно насочен кон обнова на безбедносните врски меѓу американските сојузници во услови на севернокорејски нуклеарни закани.

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА објави дека претседателот Ким Џонг-ун го надгледувал пробното лансирање на ракетата Хвасонг-17 и ја нагласил целта да се „внесе страв кај непријателите“ поради, како што рекол, „отвореното непријателство“ покажано кон Северна Кореја со заедничките.воени вежби на САД и Јужна Кореја.

Ракетата била лансирана под висок агол за да се избегне територијата на соседите на Северна Кореја, а проектилот достигнал максимална височина од 6.045 километри и поминал 1.000 километри пред да падне во водите на источниот брег на земјата, соопшти КЦНА.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Медведев за соборувањето на дронот над Црното Море: Американците целосно полудеа

Следно

Жрепка за завршницата во европските купови денеска во Нион

Latest from Blog

Салата со бело сирење и лаванда: Невообичаена комбинација од мирис и вкус

Парче бело сирење носи совршена рамнотежа помеѓу блага соленост и кремаста текстура, што ја прави оваа салата особено вкусна. Нејзината хранлива вредност и богатството со протеини се идеални за лесни, но заситувачки

Меџити: На 19 октомври победува иднината на Чаир

Скопје – Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва оддржа собир во населбата Серава, кој прерасна во „трибина со ентузијазам, енергија и верба во победата“. „На 19

Николоски: Следува убедлива победа во Неготино, победуваме силно уште во прв круг

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва е во Неготино од каде најави убедица победа на локалните избори идниот месец. -Денес во Неготино со новиот кандидат за градначалник Марија Нацева имавме состанок со

Коњановски: Од граѓаните до институциите – заеднички кон модерна Битола

Битола – Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средби со граѓаните од урбаните заедници во централното градско подрачје. Во рамки на кампањата „Предложи идеја“, жителите имаа можност директно да ги

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што
Go toTop