Кејн: Сега имам најголеми шанси за „Златната топка“

September 25, 2026
1 min read

Хари Кејн верува дека сега ги има најдобрите шанси во кариерата да ја освои „Златната топка“, откако зад себе остави сезона во која постигна неверојатни 73 гола.

Напаѓачот на Баерн Минхен е меѓу 30-те номинирани за наградата за 2026 година, а победникот ќе биде прогласен на 26 октомври во Лондон.

„Сега, веројатно, ги имам најдобрите шанси. Дали ќе биде така и во иднина, ќе видиме. Отворено кажав дека минатата година беше најдобра за мене на личен план, но и од аспект на тимските достигнувања. Би бил неверојатно горд ако ја освојам наградата“, изјави Кејн.

Англичанецот во сезоната 2025/26 постигна 73 гола на 65 натпревари, што е втор најдобар учинок во една сезона во историјата, зад рекордот на Лионел Меси.

Кејн воедно беше најдобар стрелец во Бундеслигата со 36 гола, а неговата продукција беше еден од главните адути во аргументите дека треба да биде сериозен кандидат за најпрестижната индивидуална награда.

„На крајот, сè зависи од другите луѓе и нивното мислење“, додаде Кејн, кој сè уште ја чека првата „Златна топка“ во својата кариера.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

Следно

​Protesta “Jo në emrin tim” edhe nëpër shi, Haziri: Ligji u dërgua në Kuvend, secili deputet le ta japë votën me bindjen e vet

Latest from Blog

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,

Сити може да остане без титулите, Јунајтед, Ливерпул и Арсенал би профитирале

Манчестер сити би можел да остане без дел од шампионските титули освоени во ерата во која клубот се соочува со сериозни обвинувања за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. Сè уште

Проданоски: „Градот во мене“ е уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва присуствуваше на отворањето на изложбата „Градот во мене“ на прилепскиот академски уметник Александар Џинго, поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“. Во своите најнови дела,
Go toTop