Кејн има клаузула – уште зимава можел да си оди од Баерн

February 5, 2025
1 min read

Германскиот весник Bild денеска ексклузивно објави детали од договорот на Хари Кејн со Баерн, откривајќи дека Англичанецот можел да ги напушти Баварците оваа зима.

Кејн има клаузула во договорот со Баерн според која можел да замине за 80 милиони евра во завчера завршениот преоден рок, но ниту еден клуб или не сакал да ја искористи таа опција или не бил свесен за нејзиното постоење.

Очигледно Кејн во овој момент не ни сакал да го напушти Баерн, бидејќи е среќен во Минхен и сака да продолжи да игра за германскиот гигант.

Сепак, Bild пишува дека клаузулата ќе биде активна следната зима, кога ќе треба да се плати уште помала сума за еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Откупната клаузула тогаш ќе биде 65 милиони евра, а Баерн на тој начин се соочува со заминување на својата главна ѕвезда, која, според многумина, сега ја има отворена вратата за враќање во Премиер лигата, каде што претходно настапуваше за Тотенхем.

Тотенхем го продаде Кејн на Баерн за 95 милиони евра летото 2023 година, а оттогаш Англичанецот постигна 70 голови и забележа 22 асистенции на 72 натпревара.

Според Bild, Баерн веќе се подготвува за заминување на Кејн и неодамна преговарал со челниците на Лајпциг за трансфер на Словенецот Бенјамин Шешко.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пентагон развива планови за повлекување на американските трупи од Сирија

Следно

Туркије: Петелот што се онесвести додека кукурикаше, стана интернет-сензација

Latest from Blog

ОЈО: Три лица присилувале сопружници да им дадат 10 илјади долари – наводно синот должел пари!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258

Министерството за култура ги фрли во канта женскиот активизам и феминистичката култура

Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. од Скопје се револтирани и ужаснати од резултатите од Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025 година, објавени од

Уставниот суд го поништи Законот за солидарен данок, граѓаните треба да им вратат на богатите фирми 50 милиони евра

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании. По гласањето на судиите, претседателот на

Пеце Мирчески на распит во полициска станица

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчевски попладнево е приведен и во моментов се наоѓа во полициската станица Кисела Вода. Приведувањето доаѓа откако денеска Финансиската
Go toTop