Ќе ни земаат ли ДНК од воздух?

May 27, 2023
1 min read

Доктор Дејвид Дафи, генетичар од Универзитетот во Флорида, само сакал да најде поефикасен метод за следење на болеста кај морските желки. Потоа почнува да наоѓа човечка ДНК каде и да погледне. Во текот на последната деценија, истражувачите на дивиот свет ги рафинираа техниките за утврдување ДНК на животната средина, тн. еДНК – траги од генетски материјал што сите живи суштества го оставаат зад себе. Таа еДНК лебди во воздухот или останува во вода, снег, мед, па дури и во вашата шолја чај.

Истражувачите го користеа овој методот за следење на ранливи или таинствени популации на дивиот свет, па дури и за повторно откривање на видови за кои се смета дека се исчезнати. Технологијата се користи и во системите за надзор на отпадни води за следење на ковид и други патогени.

Попат научниците наоѓаа и човечка ДНК а полицијата брзо покажа заинтересираност за користење на оваа технологија за скицирање потенцијални осомничени. Тоа раѓа дилеми за зачувување на приватноста и граѓанските слободи особено што технолошкиот напредок овозможува да се соберат сè повеќе информации од сè помали примероци на еДНК.

Поради тоа, правници и етичари бараат итни и сеопфатни прописи за генетска приватност.

Какви потенцијали има таа технологија покажува експериментот на Дафи: една чаша вода земена од поток во Свети Августин, Флорида, преработена преку нано-секвенцер голем колку запалка кој чини само 1.000 долари, дала доволно ДНК податоци да се генерира слика за генетското потекло на населението околу потокот, што одговара на  расната структура од најновите пописи  во областа.

Откриле и мутации кои носат ризик од дијабетес, срцеви проблеми или болести на очите. Некој чиј генетски материјал се појавил во примерокот имал мутација што може да доведе до ретка болест која предизвикува прогресивно невролошко оштетување и често е фатална. Болеста е наследна и може да се појави до 40-тите години на пациентот. Доктор Дафи се прашува дали таа личност знае? Дали знае семејството на личноста? Осигурителната компанија?

Технологијата фокусирана на еДНК  може да се користи за надзор на одредени видови луѓе – на пример, луѓе со специфично потекло или со одредени медицински состојби или инвалидитет. Американците тврдат дека Кина веќе спроведува опширно и експлицитно генетско следење на малцинските популации, вклучувајќи ги Тибетанците и Ујгурите.

Колкаво етичко минско поле ќе биде истражувањето на еДНК зависи од степенот до кој може да се идентификува поединец. Во некои ситуации, тоа е веќе остварливо.

Форензичари од Осло веќе демонстрираа дека од примероци од воздух во една канцеларија можат да се реконструираат цели ДНК профили на луѓе кои поминале од таму.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Две претстави Дејан Пројковски на Светската театарската олимпијада

Следно

По препорака од Вучиќ, сопственикот на ТВ Пинк најави дека ќе го укине реалното шоу „Задруга“

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop