Ќе му зготви ли Пригожин бунт на Путин?

May 28, 2023
1 min read

Поранешниот руски командант Игор Гиркин тврди дека Русија во иднина може да се соочи со побуна од Вагнер групата и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин.

Вагнер се едни од најпосветените и најефикасни војници кои се борат на руска страна а Пригожин има блиски односи со рускиот претседател. Вагнеровци се доста видливи во тековниот конфликт во Украина, особено во битката за Бахмут, во која Пригожин призна дека илјадници негови луѓе биле изгубени.

Тој неодамна објави дека неговите борци ќе се повлечат од Бахмут до 1 јуни, предавајќи им „позиции, муниција, вклучително и суви оброци“ на регуларните руски војници.

Притоа, олигархот познат како „готвачот на Путин“ (неговите ресторани обезбедуваат кетеринг за Кремљ) упати непријатни критики кон високите воени лица за нивното справување со Бахмут и оцени дека инвазијата има дадено контра-ефект.

„Во однос на демилитаризацијата…ако на почетокот на специјалната операција имаа 500 тенкови, а [сега] имаат 5.000 тенкови“, го пренесува Њусвик. „Ако имаа 20.000 луѓе обучени за борба а сега имаат 400.000 луѓе, како ги демилитаризиравме?

Со ваквите коментари, според Гиркин, некогашен воен командант на сепаратистичките сили во Донбас, Пригожин прави терен за евентуален бунт и пуч на Вагнер во Кремљ.

Гиркин проценува дека изгледите за бунт зависат од рускиот одговор на претстојната украинска контра-офанзива и дека ако Русија доживее сериозни порази на фронтот, политичката ситуација во Русија може значајно да биде сменета до крајот на летото.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво” 28.5.2023

Следно

Избори во Туркије: Киргизите во Ван гласаа облечени во народни носии

Latest from Blog

Во понеделник пратениците ќе избираат нов министер за здравство и заменик во земјоделство

На 54-та седница, закажана за понеделник во 11 часот, Собранието на Северна Македонија ќе расправа за новите предлози на Владата за министерски и заменик-министерски позиции. Владата предлага Азир Алиу да ја преземе

ПЕЈАЧОТ НА „А-ХА“ МОРТЕН ХАРКЕТ ОБЈАВИ ДЕКА ИМА ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТ

Фронтменот на норвешкиот бенд „А-ха“, Мортен Харкет, објави дека му е дијагностицирана Паркинсоновата болест. Веста беше споделена на сајтот на групата, каде што се додава дека Харкет веќе имал две операции на

Врз основа на медиумски написи, Обвинителство постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Врз основа на медиумски написи, однсно по допрен глас Јавното обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која

Огњаноска во Аргумент плус: По бурната дискусија во Европскиот парламент очекувано беше да се одложи расправата

Експертот по право на ЕУ, Леа Огњаноска во Аргумент плус рече дека тешко е да се постави теза „вин-вин“ меѓу Бугарија и Македонија бидејќи по бурната дискусија очекувано било да се одложи

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Пезешкијан

АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, известува Анадолу. Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство објави дека за време на телефонскиот разговор
Go toTop