Ќе му стане ли Радмила Шекеринска десна рака на Марк Руте во НАТО?

August 15, 2024
1 min read

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска е една од двете најсериозни кандидатки за заменичка на новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте, објави „Политико“. Актуелниот заменик-генерален секретар, Мирчеа Џоана, се очекува да се повлече за да учествува на претседателските избори во Романија во ноември, велат функционери на НАТО за „Политико“.

Според висок НАТО дипломат од Западна Европа како што пишува „Политико“ постоел генерален консензус меѓу сојузниците дека за заменик на Руте треба да биде назначен источноевропеец. Во текстот стои дека Разговорите во седиштето на НАТО во Брисел се околу две поранешни функционерки од Северна Македонија и Бугарија. Според „Политико“ поранешната портпаролка на НАТО Оана Лун-геску изјавила оти позицијата најверојатно ќе ѝ припадне на жена од Источна Европа.

„Политико“:

– Разговорите во седиштето на НАТО во Брисел се околу две поранешни функционерки од Северна Македонија и Бугарија. Позицијата најверојатно ќе ѝ припадне на жена од Источна Европа“, кажа поранешната портпаролка на НАТО Оана Лунгеску.

Името на поранешната македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска се споменува во круговите на НАТО, според висок НАТО функционер. Ако биде назначена, Шекеринска ќе биде највисок функционер од Западен Балкан во НАТО. Поранешната министерка се воздружува од коментари, таа ниту за Политико не дала изјава. Покрај Радмила Шекеринска „Политико“ пишува дека друг кандидат за десна рака на Руте е поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел која пак не одговорила воопшто на повиците на изданието. Од НАТО алијанската исто така без коментар. Инаку во текстот стои дека Северна Македонија влезе во НАТО пред четири години и дека Шекеринска имаше една од клучните улоги во нејзиното зачленување.

 „Политико“

– Прозападната Шекеринска моментално е потпретседателка на Партијата на европските социјалисти. Во интервју по руската инвазија на Украина, таа го отфрли тврдењето на Русија дека проширувањето на НАТО кон Исток е „злобен план на Западот“.

Марк Руте на втори октомври официјално треба да стапи на функцијата генерален секретар на НАТО.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Турските сили неутрализираа 73 терористи во текот на изминатата недела, ја зајакнаа безбедноста на границите

Следно

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Latest from Blog

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop