Касами продолжува да сее раздор во Тетово, му пречат улиците со македонски имиња

January 25, 2025
1 min read

Од Сојузот на борци од Тетово апелираат до државниот врв, дипломатскиот кор и особено до Владата веднаш да го осуети обидот за креирање немир и јавно да го осудат националистичкото сценарио во кое сака Тетово да го вовлече градоначалникот Билал Касами. Сојузот на борци од Тетово побара од локалниот Совет и од Владата да не ја прифатат Одлуката за определување на име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект предложена од градоначалникот Биљал Касами. Тие во отворено писмо укажуваат дека се предлагаат имиња со кои се нарушува угледот на земјата и се навредуваат чувства на граѓаните.

Од Сојузот на борците на Тетово укажуваат дека определувањето на имињата на улиците не смее да се користи како инструмент за политичко профитирање бидејќи со него се отвора на пандорината кутија од која може да излезат големи непријатности за сите.

„Јавно апелираме до државниот врв, особено до Владата веднаш да го осуети овој срамен обид за креирање на немир во Тетово, инициран и поттикнат од националистот Билал Касами. Јавно апелираме до сите политички партии, парламентарни и непарламентарни веднаш јавно да го осудат сценариото во кое сака да не вовлече Билал Касами. Јавно апелираме до амбасадите на ЕУ и на САД и до целиот дипломатски кор, да преземат дипломатска активност да се спречи националистичкото сценарио“,се вели во отвореното писмо од Сојузот на борците од Тетово.

Општина Тетово има формирано работна група за именување и преименување на улици, плоштади, паркови и некои инфраструктурни објекти. Во првата фаза е направен регистер на сите улици, по што треба да се распише јавен оглас за предлози со имиња, кои потоа треба да поминат во Советот и на владина седница. Во писмото, Сојузот на борци од Тетово го потсетуваат Касами дека постапката која ја отпочнал е со закон забранета да се одвива во период од шест месеци пред одржувањето на избори.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Денот во 60 секунди – Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, МВР прими 497 нови полицајци

Следно

Арсовска објави фотографија: Лицата кои ги трујат скопјани и кои претепаа инспектори и натаму се на слобода

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop