Карикатура на „Шарли ебдо“ за земјотресот во Турција ја разгневи јавноста

February 7, 2023
1 min read

Парискиот институт Босфор, кој работи на зајакнување на пријателството меѓу Франција и Турција, ја осуди карикатурата како „срамна, патетична и жална“

Француски сатиричен весник „Шарли ебдо“, познат по своите карикатури кои често ја минуваат границата, го навлече бесот на јавноста со последната карикатура објавена за Турција по двата разорни земјотреси во кои загинаа илјадници луѓе, а десетици илјади беа повредени.

Карикатурата објавена на Твитер како „илустрација на денот“ прикажува срушени и оштетени згради, превртен автомобил и планина од урнатини.

Во горниот десен агол на карикатурата е напишано „Земјотрес во Турција“, а на дното пишува „Нема потреба да се испраќаат тенкови“.

Корисниците на Твитер реагираа на оваа објава изразувајќи ја својата фрустрација и гнев.

„Дури и Турците беа ‘Шарли ебдо’ за да ја споделат вашата болка, а вие денес се осмелувате да се исмевате со страдањата на цел народ. Навистина треба да имате малку нерви за да го направите тоа кога сè уште има бебиња кои чекаат помош под урнатините’.

„Да се радуваш на страдањата и несреќите на другите… Тоа мора да е најголемиот срам на светот“.

„Толку сте нечесни, не сте луѓе штом можете да се забавувате со тоа додека невини луѓе, деца, бебиња ги губат животите овде!“,

се само дел од коментарите.

Парискиот институт Босфор, кој работи на зајакнување на пријателството меѓу Франција и Турција, ја осуди карикатурата како „срамна, патетична и жална“.

„Оваа карикатура не е ништо друго освен срам“,

изјави Франсоа Бургат, политиколог од францускиот Национален центар за научни истражувања.

„Шарли ебдо“ е француски сатиричен магазин во кој се објавуваат карикатури, извештаи, полемики и шеги.

Списанието е препознатливо по својот тон, со кој не се покажува никаква почит спрема религијата и има строго неконформистички став. Се опишува себеси како силно антирасистичко, антиверско и левичарско.

Списанието беше мета на два терористички напади, еден во 2011 година и втор во јануари 2015 година за кои се претпоставува дека се реакција на објавувањето на голем број на контрoверзни карикатури со пророкот Мухамед.

За време на вториот напад, 12 лица беа убиени, вклучувајќи го и уредникот Стефан Шарбонје и неколку новинари и карикатуристи.

„Шарли Ебдо“ пред една година објави брутални карикатури за српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ во период кога чекаше дали ќе биде депортиран од Австралија по долгата битка за виза.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Професор кој го преживеа земјотресот во Турција: Сите сме во шок, мислев дека зградата ќе ми се урне

Следно

Анализа: Три клучни причини зошто ова беше еден од најсмртоносните земјотреси

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop