Канаѓанка призна дека се обидела да го отруе Трамп со писмо натопено со рицин

January 25, 2023
1 min read

Според обвинителството, Фериер со преработка на рицинус направила рицин, а потоа го испратила до Трамп во писмо во кое го нарекува тогашниот претседател „одвратен тирански кловн“

Жена од Канада, Паскар Фериер (55) призна дека е виновна за испраќање писмо во 2020 година до Белата куќа, адресирано до тогашниот претседател на САД и кандидат за уште мандат, Доналд Трамп, а кое било натопено со смртоносниот отров рицин.

Во писмото, таа му порачува на Трамп да се ја повлече кандидатурата за втор мандат, меѓутоа пратката во септември 2020 беше пресретната во службата за сортирање пред да пристигне на крајната дестинација.

Признанието на вина таа го даде пред окружниот суд во Вашингтон, а исто така признала вина и за испраќање слични пратки и до полицијата во Тексас.

Очекувањата се дека врз основа на спогодба со обвинителството, таа ќе добие затворска казна од 262 месеци, нешто помалку од 22 години. Изрекувањето на казната е закажано за во април.

„Нема место за политичко насилство во нашата земја и нема изговори за закани на официјални лица и загрозување на јавните службените“,

порача државниот правобранител во Вашингтон, Метју Грејвс.

Според обвинителството, Фериер со преработка на рицинус направила рицин, а потоа го испратила до Трамп во писмо во кое го нарекува тогашниот претседател „одвратен тирански кловн“. Исто така, во него таа пишува и:

„Ако ова не ја заврши работата, ќе најдам подобар рецепт за друг отров, а можеби и ќе го употребам мојот пиштол кога ќе можам да дојдам“.

Жената, која потекнува од канадската покраина Квебек, била уапсена при обид за влез од Канада во САД преку граничниот премин „Бафало“ во сојузната држава Њујорк, а со себе тогаш носела пиштол, нож и неколку стотини куршуми.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: На 4-ти февруари Македонците ќе отидат на гробот на Гоце Делчев и ќе положат цвеќе, и ќе бидат достоинствени како што и секогаш сѐ

Следно

ХЕЦ Св. Петка исклучена, ХЕЦ Козјак на минимум за да се намали нивото на Вардар

Latest from Blog

Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов, а Венко ја направи СДС трета партија

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: „Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од

ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′),

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во
Go toTop