Каде е Болсонаро: Сопругата тврди дека е во болница во Флорида

January 9, 2023
1 min read

Болсонаро во текот на неговиот претседателски мандат повремено се бореше со болки во стомакот откако беше избоден со нож на предизборен митинг во септември 2018 година

Жаир Болсонаро, поранешен претседател на Бразил / Photo: EPA-EFE/Andre Borges

Поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, чиј поддржувачи вчера упаднаа во бразилските Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд, е хоспитализиран во болница во Орландо во Флорида, САД, соопшти неговата сопруга, Мишел Болсонаро.

Претходно и бразилскиот медиум „О Глобо“ неофицијално објави дека денеска наутро тој бил однесен во болница во близина на Орландо.

Неговата сопруга информацијата ја потврди преку објава на Инстаграм наведувајќи дека нејзиниот сопруг е под опсервација поради „абдоминална непријатност“.

„Ројтерс“, пак, повикувајќи се на извор близок до семејството пишува дека состојбата на поранешниот претседател на Бразил не е загрижувачка.

Болсонаро во текот на неговиот претседателски мандат повремено се бореше со болки во стомакот откако беше избоден со нож на предизборен митинг во септември 2018 година.

Тој важи за ултрадесничар, кој на последните избори ја загуби власта од неговиот кандидат и поранешен претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, кој ја презеде функцијата од 1 јануари годинава.

Болсонаро не го призна поразот и пред десетина дена го напушти Бразил и отпатува во САД со што одбегна да присуствува на примопредавањето на власта.

По изборните резултати од 31 октомври 2022 година, и неговите поддржувачи одбиваа да се помират со поразот, а вчера извршија упад и дивееја во бразилските институции.

Лула го обвини Болсонаро за хаосот и вети дека секој вмешан ќе биде казнет, а учесниците во нападот ги нарече „вандали, неофашисти и фанатици“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Маричиќ: Не знам за формален обид на Заев за уривање на Ковачевски

Следно

ОЈО ќе информира за случајот за Жан Митрев

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop