Јовановиќ: Владата го става интересот на крупниот капитал пред интересите на граѓаните и ризикува санкции

September 3, 2024
1 min read

Бранимир Јовановиќ, економски експерт и аналитичар, остро ја критикува најавата на Владата за намалување на данокот на добивка од 10% на 5% за компаниите со годишна добивка над 50 милиони евра, нарекувајќи го овој потег „приоритетизација на крупниот капитал на сметка на граѓаните“.

„Најавата за намалување на данокот на добивка на 5% за фирми со добивка поголема од 50 милиони евра покажува две работи. Прво, дека на владава ѝ е поважен крупниот капитал од луѓето. Второ, дека владава нема основни познавања од областа на економијата и даночењето“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Бранимир Јовановиќ – економски експерт и аналитичар, по најавите дека Владата ќе ги намали даноците за фирмите кои заработуваат над 50 милиони евра годишно.

Според Јовановиќ, оваа мерка јасно покажува дека Владата ја става добросостојбата на неколку големи компании пред интересите на пошироката јавност.

„Владата има намера да се откаже од 20 милиони евра од буџетот, пари кои можат да се искористат за зголемување на платите на наставниците, реновирање на болници, или поддршка на сиромашните и малите фирми. Наместо тоа, тие сакаат да ги почестат петте најголеми компании во земјата, кои веќе имаат добивки од над 250 милиони евра“, истакнува Јовановиќ.

Тој додава дека иронијата е што овие средства нема ни да останат во рацете на компаниите, бидејќи глобалниот минимален данок, кој Македонија го прифати, ќе ги пренасочи овие пари кон земји како Германија или Франција.

„Ако Владата остане на својата намера, Македонија може да биде прогласена за офшор даночна дестинација, што би имало катастрофални последици за репутацијата на земјата. Ова е сценарио кое сериозно може да го наруши имиџот на Македонија на меѓународната сцена,“ предупредува Јовановиќ.

Тој додава дека со ваквата политика, Македонија не само што нема да привлече нови инвестиции, туку и ќе се соочи со потенцијални санкции од меѓународната заедница. „Владата мора да разбере дека ваквиот потег е неодржлив и дека може да има далекусежни негативни ефекти за земјата,“ заклучува Јовановиќ.

„Оваа мерка е само празен потег, кој ќе ги оштети граѓаните и државниот буџет без да донесе никаква реална корист за економијата“, заклучува Јовановиќ.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турчинот Дикеч ќе ја заштити позата со која се прослави на Игрите во Париз

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, зголемена фреквенција на ГП „Табановце“ и „Богородица“

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop