Јермак: Ослободени 116 украински војници од руско заробеништво

February 4, 2023
1 min read

УНИАН истакнува дека според податоците од Киев, во 2022 година од руско заробеништво се вратиле речиси 1 600 лица

Во рамките на уште една размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија ослободени се 114 украински војници и наредници и двајца офицери, соопшти денеска шефот на администрација на украинскиот претседател, Андриј Јермак, пренесе агенцијата УНИАН.

Оттаму прецизираат дека меѓу ослободените има бранители на Мaриупол, партизани од Херсон, снајперисти од Бахмут.

Јермак, исто така, кажа дека успеале да ги извлечат телата на паднатите странски доброволци Кристофер Метју Пери и Ендрју Тобијас Метју и телото на паднатиот украински доброволец Евгениј Кулик, кој служел во Француската легија на странци.

УНИАН истакнува дека според податоците од Киев, во 2022 година од руско заробеништво се вратиле речиси 1 600 лица.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „СЕНИШТАТА НА БОКО ХАРАМ“ ОСВОИ ЗЛАТЕН ТИГАР ВО РОТЕРДАМ

Следно

Се пропуштаат граѓани кои сакаат да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop