„Јас денар не би му дал на Скопје и на оваа градоначалничка“, рече Гордан Георгиев во „Клик Плус“

1 min read

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 имавме интересна дебата со тројца соговорници: Гордан Георгиев, Илија Димовски и Газменд Ајдини.

Една од последните теми беше распределбата на средствата од унгарскиот кредит на општините, каде Град Скопје не доби пари за реализација на проекти.

Гордан Георгиев во емисијата кажа дека е правилно тоа што Град Скопје не добил средства.

„Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка. Затоа што ситуацијата во градот е очајна, и не верувам дека ќе се поправи. Дури парите би ги тргнал на страна и би чекал следни избори и би му ги дал нја следниот градоначалник“, рече Георгиев.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Израелците тврдат дека во Газа го убиле најбараниот лидер на Хамас

Следно

Бајден: САД му помогнаа на Израел во пронаоѓањето на Синвар, лидерот на Хамас

Latest from Blog