Јаневска: Во училиштата нема место за какво било насилство, ја јакнеме законската заштита и со сет механизми се справуваме со несоодветни однесувања

November 24, 2024
1 min read

Насилството и училиштето не одат заедно. Министерството за образование и наука е посветено да ги заштити децата и младите, преку градење на безбедна и поддржувачка средина каде што ќе можат да растат, учат и да напредуваат, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на настанот организиран од Мисијата на ОБСЕ „Насилство врз млади жени и девојки: сексуално вознемирување и следење“.

„Системот на воспитување и образование има воспоставено механизми за спречување и справување со насилство, вклучително и насилство врз девојчињата и младите жени. Првиот механизам е преку регулативата, што сега е предмет на ревизија, со цел да зајакнеме повеќе сегменти, меѓу кои и заштитата од секакви форми на дискриминација и насилство. Во делот на превентивата, воведуваме одредба дека во училиштата се остваруваат и програми за заштита од насилство и за спречување дискриминација, низ различни наставни и воннаставни активности кои се организираат со родители/старатели, општини, граѓански здруженија и така натаму“, посочи министерката.

Во воспитно-образовниот процес, местото на наставникот е клучно и од аспект на градење свест кај учениците дека никој не смее да биде жртва на насилство, а доколку се случи, за насилството не треба да се молчи. Наставниците посетуваат и обуки за препознавање и спречување на родово базирано насилство. При секое несоодветно однесување на ученик, наставникот прво се труди сам да го надмине предизвикот, по што може да се вклучи и стручната служба во училиштето, а понатаму и Педагошката служба при министерството.

„Како Министерство, ги охрабруваме сите ученици и ученички да пријавуваат насилство во каква било форма, и тоа го прават на електронската адреса [email protected], директно во Педагошката служба или во Државниот просветен инспекторат“, укажа Јаневска.

Во контекст на превенирање на какви било несакани однесувања, министерството на почетокот на оваа учебна година до училиштата достави насоки да се организираат повеќе активности наменети за подигање на свеста за важноста од градење мирни и хармонични училишни заедници. Меѓусебното разбирање, почит и емпатија се темелите на таквата средина и тие се вредности кои сакаме да ги всадиме кај нашите млади луѓе уште од рана возраст.

Министерката посочи и дека МОН спроведува мерки и активности не само за да ги заштити девојчињата од насилство, туку и за нивна поголема вклученост во повеќе аспекти и сегменти на образовниот систем. Како примери ги наведе поддршката за вклучување во СТЕМ областите и предноста при аплицирање за стипендии доколку поголема конкуренција се момчињата.

Изразувајќи благодарност до Мисијата на ОБСЕ за поддршката што ја дава на МОН, порача дека само со заеднички напори може да се создаваат квалитетни генерации, вклучително и девојки и жени подготвени да предводат нови општествени промени кон подобро.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски за автопатот Кичево – Охрид: Асфалтираме и во зима, автопатот ќе биде готов до крајот на 2026 година

Следно

Над 1.000 лекари и медицински сестри убиени во израелските напади во Газа

Latest from Blog

Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател

Иницијативниот одбор за промени во Македонската кошаркарска федерација за денес закажа Вонредно собрание на кое треба да се случат промени во раководството на организацијата. Според најавите, најпрво треба да се изгласа недоверба

Бројот на убиени Палестинци во Газа достигна 52.400, израелските напади продолжуваат со несмалено темпо

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 35 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Газа во последните 24 часа, со што билансот од геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година досега

Се огласи првата антикорупционерка Димитровска: Разговарав со семеен пријател кој подоцна стана обвинет во „Адитив“

Татјана Димитровска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, е обвинета дека откривала службени тајни во обвинет во „Адитив“, се огласи на јавноста. Таа кажа дека со обвинетиот имала само пријателска
Go toTop