Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора: Убедливо го победи Мило Ѓукановиќ

April 2, 2023
1 min read

Новиот црногорски претседател има 36 години. Роден е на 7 декември 1986 година. Оженет е и е татко на три деца. Тој е економист по професија. Беше министер за економски развој во владата на Здравко Кривокапиќ, кога всушност и почна да се занимава со политика, односно по 30 август 2020 година, кога коалицијата на партиите на власт во Црна Гора по првпат ја победија ДПС на Ѓукановиќ и ја испратија во опозиција

Јаков Милатовиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Јаков Милатовиќ (36) е нов претседател на Црна Гора. Како кандидат на движењето „Европа сега“ во денешниот втор круг тој убедливо го победи противкандидатот Мило Ѓукановиќ од Демократската партија на социјалистите (ДПС).

Според прелиминарните резултати на Центарот за мониторинг и истражувања (ЦЕМИ) на 98 отсто обработени гласови, Милатовиќ освои 60 отсто од гласовите, а Ѓукановиќ 40 отсто.

Излезноста, според ЦЕМИ, денеска била 70,6 отсто.

Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), пак,објави конечни проекции на резултатите според кои Милатовиќ има 58,9 отсто, а Ѓукановиќ 41,1.

Новиот црногорски претседател има 36 години. Роден е на 7 декември 1986 година. Оженет е и е татко на три деца. Тој е економист по професија. Беше министер за економски развој во владата на Здравко Кривокапиќ, кога всушност и почна да се занимава со политика, односно по 30 август 2020 година, кога коалицијата на партиите на власт во Црна Гора по првпат ја победија ДПС на Ѓукановиќ и ја испратија во опозиција.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти: Мојот договор со Реал завршува во 2024 година, планирам да го финализирам до крај

Следно

„Повеќе пијам од Димитар“: Вучиќ делеше лекции за вино на саемот во Италија

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop