Јакнење на македонско-британската соработка во делот на енергетиката

November 28, 2024
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон и со британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон.

На средбата се разговарало за можностите за зголемена соработка, особено во енергетскиот сектор, со акцент на исполнување на заедничките цели за енергетска стабилност, независност и зелена енергетска транзиција.

Министерката Божиновска го истакнала значењето на британската поддршка и посочила дека цели на државата се модернизација на енергетската мрежа, подобрување на капацитетите за складирање електрична енергија и унапредување на обновливите извори на енергија. Од британска страна, како што информира Министерството за енергетика, била потенцирана подготвеноста за вложувања и поддршка на реформите во енергетиката, како дел од заедничките заложби за намалување на емисиите на штетни гасови и обезбедување на одржлива енергија.

– Г. Бартон, кој ја посети Македонија по трет пат, ја нагласи важноста на партнерството меѓу двете земји, додека амбасадорот Лосон истакна дека Велика Британија и Македонија веќе успешно соработуваат во неколку клучни области, а енергетиката е стратешки приоритет за понатамошно продлабочување на односите, се посочува во соопштението.

Од Министерството за енергетика ја оценуваат оваа средба како значаен чекор кон отворање нови можности за инвестиции и зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави со цел градење стабилна, независна и зелена енергетска иднина.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Македонија со скок на новата ФИФА ранг-листа

Следно

Брисел: Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Инвестиции и подобрување на инфраструктурата во Бутел

Вечерва Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, се сретна со жителите на Радишани, заедно со сегашниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски и министерот Панче

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов, информираше вечерва Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска

Коњановски: Новата шампионска приказна ја пишуваме заедно со навивачите

Денеска, на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, се одржа фан-зоната пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб, која собра голем број навивачи и симпатизери на тимот. Настанот започна во 18:45

Во Србија пензискиот фонд објави јавна набавка на систем за апликации што ќе користи ВИ

Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) ќе користи вештачка интелигенција за масовна обработка на документи и други задачи, што треба да им обезбеди на корисниците на услугите и вработените во
Go toTop