Јакимовски објасни зошто не го потпиша Кодексот за фер избори

April 2, 2024
1 min read

Денеска кандидатите за претседател на Македонија, го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Исклучок направи Стевчо Јакимовски кој кажа дека иако не го потпишал, ќе го почитува Кодексот во целост.

-Во Кодексот се зборува дека ќе имаме фер и демократски избори, ќе се почитуваат демократските вредности, но за жал ние сме сведоци дека одредени кандидати се фаворизираат и токму главната причина зошто треба да го потпишеме овој Кодекс, е да не ги користиме државните ресурси.

Користењето на државните ресурси зборува првите двајца кандидати да земат по 975.000 евра за реклама, нивните коалициони партнери по 450.000 евра, а ние само 126.000 евра, а кандидатот Димитриевски дури и уште помалку. Тоа значи дека секој потпис што ние сме го собрале вреди 12,6 евра, а нивниот потпис вреди 97,5 евра, рече Јакимовски.

Тој дообјасни дека дошол и до фрапантно сознание дека се откажува и мастер-дебатата.

-Ако сме октроирани во делот на средствата со коишто треба да се презентираме, ако сме октроирани во делот на билбордите, и ако сме октроирани во делот на дебатите, тогаш какви се овие демократски избори и зарем можеме да зборуваме за слободни, фер и демократски избори, напротив зборуваме за заробени избори, за заробена држава, за немање на капацитет да се организираат фер и демократски избори.

И навистина, не е ли чудно, на локалните избори токму јас имав нула денари за реклами, но имаше три дебати. Има ли логика за избор на градоначалник да има три дебати, а за претседател на држава каде се зборува за важни државни работи, како во земјата така и надвор, кога треба да бираме врховен командант на вооружените сили, којшто има сериозни влијанија во Уставниот суд, во Судскиот совет, значи и врз судскиот систем, врз гувернерот на Народна банка, врз монетарно-кредитните власти и ние да останеме без било какво соочување на мислење и без можност граѓаните отприлика да просудат кој е тој што во наредните пет години треба да ја води Република Македонија.

Затоа, жал ми е, јас не го потпишав Кодексот, јас ќе го почитувам во целост, но со вакви предиспозиции за други кандидати навистина сметам дека се апсолутно нефер и ова не зборува за фер и демократски избори, изјави Јакимовски, пренесува Макфакс.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Претседателските кандидати го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Следно

Ристовски: Кога државата и АМС не покажаа грижа за младите спортисти, тука сме ние да помогнеме

Latest from Blog

Србија набави 11 хуманоидни роботи за помош на децата со попреченост во училиштата

Хуманоидниот робот Воли е веќе докажан асистент во образовната пракса во поразвиените земји. Тој е управуван од наставниците и може да зборува, но исто така го привлекува вниманието со својата невербална комуникација,

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што
Go toTop