Јахоски со времен пасош на Босфор – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од судиите

June 2, 2025
1 min read

На Фејсбук профилот на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски објавена е слика од Турција на која тој е заедно со неговиот син, сопственикот на Пуицко Петрол , Асмир Јахоски кој е осомничен за злоупотреби со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.

Јахоски неодамна беше пуштен од притвор и му беше одземен пасошот со наредба да се јавува во судот, со гаранција од над два милиони евра. Јавноста реагираше на неговото заминување во Турција, кое според објаснувањето на неговиот татко под фотографијата поводот бил дипломирање на член од семејството.

Од полицијата потврдуваат дека Јахоски излегол од земјава на 30 ти мај преку граничниот премин Богородица и се вратил денеска преку истиот премин.

Времениот пасош, односно со ограничен рок на важење, му го издало МВР, а за тоа дозвола дал Апелациониот суд во Скопје.

Од Кривичниот суд објаснуваат дека Јахоски заминал со времен пасош и оти денеска се јавил на пријавница кај судската полиција дека е во земјава.

Правдата изгледа ќе мора да почека додека тој слави матурски на Босфор.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од судиите, тие мора да одговараат.

Реформи во судството мора да има, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Децата и младите креираа кампања против омразата на интернет

Следно

СДСМ со вистината за Кочани: И личниот избор на Тошковски, началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

Latest from Blog

Почина Јосип Броз, внукот на Тито

Јосип Броз, внук на Јосип Броз Тито и член на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија, почина на 78-годишна возраст. Роден е на 6 декември 1947 година во Белград. Именуван е

Фидан: „Се очекуваат нови мировни преговори меѓу Русија и Украина, двете страни согледуваат придобивки“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека очекува нова рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, бидејќи двете страни ја согледуваат важноста на дијалогот, јавува Анадолу. Синоќа,

Пандев: Да се ​​прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, неодамна презеде нова улога во Фудбалската федерација на Македонија со единствена цел да изгради подобра иднина на мак-фудбалот. „Гранде Пандев“ кој пред шест месеци

Русија спроведе комбиниран воздушен напад врз Харков, предизвикувајќи пожари и повредувајќи едно лице

СКОПЈЕ (АА) – Руските сили синоќа спроведоа комбиниран воздушен напад врз украинскиот град Харков, при што употребија беспилотни летала „Шахед“ и ракети, соопштија денеска локалните власти, пренесува Анадолу. Нападот предизвика повеќе пожари
Go toTop