ЈА ВЛЕЧЕЛ ЗА КОСАТА И ЈА УДИРАЛ ОТКАКО ЈА НАЧЕКАЛ СО ПРИЈАТЕЛ: Него започнал да го дави, а потоа следувало пекол во домот на Карлеуша

1 min read

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ никако да ги смират страстите. Во српските медиуми топ тема е пријавата на српската пејачка против нејзиниот сопруг, кој наводно физички ја нападнал и ја малтретирал.

Во саботата (08.06) во сите српски медиуми беше објавена веста дека Душко Тошиќ физички ја нападнал сопругата, со која сѐ уште е во брак, Јелена Карлеуша.

Како што пишуваат српските медиуми, полицијата веднаш била повикана на терен и ја затекнала Јелена со нејзиниот пријател Н. Ј. во домот на пејачката.

Според нивните изјави, Тошиќ дошол во семејната куќа и со сопствен клуч ја отворил вратата, а кога го затекнал таму пријателот на Јелена – го фатил за врат и повеќепати го удрил по телото и главата.

Јелена се обидела да ги раздвои, но Душко во тој миг почнал да ја влече за коса и неколкупати ја удрил по телото и главата.

Додека веста беше објавена во сите српски медиуми, Јелена на Инстаграм Стори побара поголемо разбирање од јавноста.

„Со цел смирување на медиумските натписи и непотребното кревање прашина поврзано со моите брачни прилики, ќе ги замолам сите да имаат повеќе разбирање за приватноста на моето семејство и за тешкиот период во којшто се наоѓаме.

Нема да давам изјави на оваа тема и жал ми е што јавноста е известена за овие работи и покрај тоа што тоа не беше мојата волја. Одиме понатаму, ќе биде подобро. Мора. Ви благодарам на сите“ – напиша Јелена.

Според пишувањата во тамошните медиуми, Душко веднаш бил повикан во полиција на сослушување и деновиве не даваше изјава за јавноста.

Тој на својот Инстаграм профил сподели неколку фотки од нивната ќерка Ника, која следниот ден по инцидентот славеше полуматура.

Извор: kurir.mk

Претходно

ЕУРО 2024: Наградниот фонд е 331 милион евра, еве колку ќе добие победникот

Следно

Албанија: Специјалното обвинителство започна истрага за градоначалникот на Тирана и неговото семејство

Latest from Blog