„Ја уби жената и не доби затворска казна“: Алек Болдвин вознемируван од пропалестинска активистка

April 23, 2024
1 min read

Глумецот Алек Болдвин се соочи со вознемирување од пропалестинска активистка, а видеото од тој настан на „Х“ е прегледано над три милиони пати.

На снимката направена во некое кафуле, додека Болдвин плаќа за својата нарачка и го држи мобилниот телефон на увото, жената со својот телефон го снима и неколкупати настојчиво бара од него да каже „Слобода за Палестина“ и да го опцуе Израел и ционизмот. Кога активистката сфаќа дека глумецот ја игнорира, таа ја менува темата. Следното прашање е: „Зошто ја уби таа жена? Ја уби жената и не доби затворска казна? Нема затвор, Алек!“.

Активистката тука ја има предвид смртта на кинематограферката Халина Хачинс на снимањето на каубојскиот филм „’Рѓа“. За потсетување, Болдвин се соочува со обвиненија за ненамерното убиство на Хачинс во 2021 година.

Продолжението на судењето за убиство од небрежност е закажано за 10 јули.

На видеоснимката, натаму глумецот почнува да се заканува со полиција, но девојката е упорна во своето вознемирување и на крајот, Болдвин ѝ го исфрла мобилниот телефон од рака.

Алек Болдвин ја отфрли одговорноста за ненамерното убиство на Хачинс.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024

Следно

Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

Latest from Blog

Илегалните еврејски доселеници запалија 15 палестински возила во окупираниот Западен Брег

АНКАРА (АА) – Илегалните еврејски доселеници запалија најмалку 15 палестински возила во градовите Наблус и Салфит на окупираниот Западен Брег, изјавија локални извори за Анадолу денес. Според изворите, група илегални доселеници нападнале

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

Министерството за здравство попладнево информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и

Пепиќ го замени Самарџиев на чело на Работнички

По вториот пораз од ТФТ во полуфиналната серија во плеј-офот од кошаркарското првенство во Македонија, тренерот на Работнички, Горан Самарџиев си поднесе оставка, кое раководството на тимот од Градски парк одлучи да

Нова специјализирана продавница за Корејска убавина K-Beauty-Зегин во срцето на Скопје

Новоотворената специјализирана продавница за корејска козметика во рамките на компанијата Зегин е место каде негата на кожата се среќава со безвременската убавина. K-Beauty-Зегин нуди персонализиран пристап за сјајна кожа преку уметноста на
Go toTop