Израелците протестираа во Тел Авив и Ал Кудс барајќи договор за размена на затвореници со Палестинците

August 15, 2024
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Голем број Израелци организираа протести во Тел Авив и Ал Кудс (Ерусалим), барајќи договор со Палестинците за ослободување на израелските затвореници во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Протестите се одржаа во пресрет на патувањето на израелскиот преговарачки тим требаше во Катар денес за новата рунда преговори за прекин на огнот во Газа и размена на заложници.

Демонстрантите, вклучително и семејствата на заложниците, ја обвинија Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ги напуштила израелските заробеници во Газа.

„Грабнати живи, оставени на смртта. Договорете се сега“, пишува на транспарентот што го носеа демонстрантите во Тел Авив.

Израел проценува дека околу 115 Израелци се заробени во Газа, за кои Хамас изјави дека десетици се убиени во израелските воздушни напади врз Газа.

Хамас вчера соопшти дека ќе се вклучи во претстојните преговори за прекин на огнот и размена на заложници во Газа доколку од Израел добие јасна определба да го спроведе предлогот поддржан од американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден во мај рече дека Израел претставил трифазен договор со кој ќе се стави крај на непријателствата во Газа и ќе се обезбеди ослободување на заложниците што се држат во крајбрежната енклава. Во планот се вклучени прекин на огнот, размена на заложници и затвореници и обнова на Газа.

Со индиректните преговори со посредство на САД, Катар и Египет не се постигна договор за траен прекин на огнот и размена на заложници и затвореници поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го прифати барањето на Хамас за завршување на војната во Газа.

Во Газа досега убиени се над 40.000 Палестинци, главно жени и деца, а над 92.000 се повредени во офанзивата на Израел започната како одговор за нападот на Хамас на 7 октомври.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА АКАДЕМИК БОЈАН ШОПТРАЈАНОВ, КОМЕМОРАЦИЈАТА Е ЗАКАЖАНА НА 16 СЕПТЕМВРИ

Следно

Кирби: САД во наредните денови ќе обезбедат дополнителни пакети воена помош за Украина

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop