Израелците протестираа пред резиденцијата на Нетанјаху барајќи договор за размена со Палестинците

November 18, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Семејствата на израелските заложници протестираа денес пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Западен Ерусалим барајќи договор за размена на затворениците со палестинските групи во Газа, јавува Анадолу.

„Завршете ја војната. Договор за заложници веднаш“ и „Заложниците нема да преживеат уште една зима“ беа меѓу транспарентите што ги носеа демонстрантите.

Организаторите на протестот предупредија дека заложниците „нема да ја преживеат студената зима во тунелите на Газа“.

Роднините на израелските заробеници и опозициските партии ги заострија своите протести против Владата на Нетанјаху, кого го обвинуваат за саботажа на напорите за постигнување договор за размена со Палестинците за да се ослободат нивните најблиски.

Израел проценува дека Хамас во Газа држи околу 101 заробеник, а се смета дека некои од нив веќе се убиени во неселективните израелски воздушни напади низ густо населената енклава.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар досега не успеаја да издејствуваат договор за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници, но Вашингтон тврди дека израелскиот атентат на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, на 18 октомври може да доведе до напредок во преговорите.

Меѓутоа, Хамас вели дека конфликтот ќе заврши само кога Израел ќе ја прекине својата воена кампања во блокираната енклава, во која од октомври минатата година досега се убиени речиси 43.800 Палестинци.

Поради израелската офанзива е раселено речиси целото население на територијата, а блокадата доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

МОН: Потпишан Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни

Следно

Мисајловски се сретна со косовскиот колега Маќедонци

Latest from Blog

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија – Судски совет неправилно гласал

Од Управниот суд ја поништија одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд, поради неправилно спроведена постапка од страна на Судскиот совет. Судот утврди дека Советот не ги разгледал

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница

Папата Лав Четиринаесетти се сретна со потпретседателот на САД

Папата Лав XIV утрово се сретна со потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, соопшти канцеларијата за печат на Светата столица. Потпретседателот на САД ги претставуваше САД на мисата за инаугурација на папата

Во Македонија канабисот најзастапен, кокаинот и екстази во подем 

Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, ЦБД производите и кокаинот, покажува европско веб истражување за дроги во Македонија кое го објави Институтот за јавно здравје.  Во истражувањето вознемирува фактот што многу
Go toTop