Израелските сили убија тројца Палестинци на окупираниот Западен Брег

1 min read

ЏЕНИН (АА) – Израелските сили убија тројца Палестинци во напад на Џенин на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Палестинската официјална агенција ВАФА, врз основа на изјави на очевидци, објави дека израелски војници извршиле рација во подрачјето на Џаба во Џенин.

За време на рацијата, снајперисти биле на покривите на зградите.

Израелските сили отворија оган врз возило со тројца млади мажи во областа Ал-Фавара во близина на Џаба.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека загинале тројца Палестинци.

Од почетокот на годината, израелската Армија ги засили рациите и приведувањата во различни делови на окупираниот Западен Брег, каде што е концентрирано палестинското население.

Освен со гумени куршуми, израелските војници често ги напаѓаат Палестинците кои протестираат против рациите со боева муниција. Доаѓа до судири меѓу палестинските вооружени групи и израелските сили во области како Џенин и Наблус на северниот дел на Западниот Брег.

Тензиите низ окупираниот Западен Брег се зголемија во последните недели поради повторените напади на Израел врз палестинските градови и упадите на еврејските доселеници во палестинските населби.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Ришарлисон удри по Конте: Сезонава е ср*ње, ми ветуваше сосема нешто друго

Следно

МААЕ: Активирани се сите генератори во нуклеарната централа Запорожје

Latest from Blog