Израелските сили продолжуваат со нападите на Газа, бројот на загинати Палестинци порасна на 31

May 12, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелските сили продолжија со нападите врз Појасот Газа и денес, четврти ден по ред, со што вкупниот број на загинати од воздушните напади се искачи на 31, меѓу кои има шест деца и три жени, јавува Анадолу.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во последните четири дена во воздушните напади на израелските сили загинале 31 лице, меѓу кои шест деца и три жени, а 93 лица, од кои 32 деца и 17 жени, се повредени.

Во израелските напади врз Газа загинаа и петмина високи припадници на движењето „Исламски џихад“.

Претходно, утринава, израелската Армија го уништи домот на палестинското семејство Башир додека израелските напади на различни локации во јужниот дел на Појасот Газа продолжуваат.

Вооружените палестински фракции возвратија со истрелување гранати врз израелските воени точки во непосредна близина на Појасот Газа.

Националната итна медицинска служба на Израел, Маген Давид Адом, извести дека ракета истрелана од Газа погодила станбена зграда во централниот израелски град Реховот, при што загинало едно, а повредени биле пет лица.

Регионалните и меѓународните сили побараа итен прекин на огнот меѓу Израел и Палестина.

Израелската војска соопшти дека воздушните напади се дел од нејзината операција „Штит и стрела“, офанзива започната откако беа истрелани ракети од Газа по смртта на палестинскиот затвореник кој штрајкуваше со глад во израелски затвор.

Според палестинските податоци, од почетокот на годината над 160 Палестинци го загубиле животот во нападите на израелските сили. Најмалку 20 Израелци загинаа во напади во истиот период.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Наскоро ќе се реши хаосот во јавниот превоз, најави Арсовска

Следно

УТРЕ ПРЕМИЕРА НА „КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ“ НА НИКОЛОВСКИ ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР, ЗА ПУБЛИКА НАД 18 ГОДИНИ

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop