Израелските сили приведоа поголем број Палестинци за време на рациите на Западниот Брег

April 18, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската Армија изврши рации во различни градови и населени места на окупираниот Западен Брег и приведе многу Палестинци, јавува Анадолу.

Според зборовите на очевидци, израелските сили пребарале многу куќи за време на рацијата во градовите Наблус и Калкилија на северниот дел на Западниот Брег.

Поголем број Палестинци беа приведени за време на рацијата во куќи во бегалските кампови источно од Наблус.

Израелските сили извршија рација и во градовите Хабле и Азун во Калкилија.

Израелските војници, исто така, приведоа шест Палестинци, вклучително и една тинејџерка, во неколку рации во градот Кафр Нима источно од Рамала по полноќ.

Според локални извори, многу Палестинци исто така биле приведени во рациите извршени од израелските сили во Витлеем и Хеброн.

Од 7 октомври 2023 година, кога израелската војска започна напади врз Појасот Газа, има зголемен број притворања, рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим/Ал Кудс.

Бројот на Палестинците приведени од Израел на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим/Ал Кудс од 7 октомври 2023 година се искачи на 8.270.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ и САД го предупредија Додик: Одговорен сте за кризите, бидејќи го кршите Уставот на БИХ

Следно

Уапсени две лица во Германија под сомнение дека шпионирале за Русија

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop