Израелските демонстранти го блокираа главниот автопат во Тел Авив барајќи размена на затвореници со Хамас

May 8, 2024
1 min read

Израелските демонстранти, вклучително и семејствата на израелските затвореници во Газа, денеска го блокираа главниот автопат во Тел Авив, барајќи договор за размена на затвореници со палестинската група Хамас.

Како што јавија израелските медиуми, семејствата на затворениците го блокираа автопатот Ајалон кој го поврзува Тел Авив со другите околни градови и населени места.

Демонстрантите носеа транспаренти со пароли како „спаси ги оние што можат да се спасат“, барајќи враќање на затворениците.

По најавата на Хамас за прифаќање на предлогот за прекин на огнот во Газа, семејствата на израелските затвореници ги интензивираа протестите за да ја притиснат израелската влада да постигне договор што ќе овозможи ослободување на затворениците.

Делегациите на Израел и Хамас наводно се во Каиро на разговори за прекин на огнот и договор за размена на затвореници, според египетски извори.

Израел продолжи со нападот на Рафа и покрај тоа што палестинското движење Хамас го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот и размена на заробеници.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната што ја започна Израел по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш, во израелските напади загинаа повеќе од 34.700 Палестинци, главно жени и деца и предизвикаа хуманитарна катастрофа. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Убиени повеќе од 34.800 Палестинци во израелските бомбардирања на Појасот Газа

Следно

До 15 часот: На претседателските избори излезност 32%, на парламентарните 37%

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop