Израелскиот претседател го осуди нападот на израелските доселеници во Наблус

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Израел, Исак Херцог, го осуди нападот на еврејските доселеници во градот Наблус на Западниот Брег, кој е под израелска окупација, и рече: „Ова не е наш пат“, пренесува Анадолу.

Херцог на својот Твитер профил објави писмено соопштение, во кој нагласи дека го осудува организираниот напад на еврејските доселеници врз Палестинците во Наблус.

„Остро го осудувам преземањето на законот во свои раце, бунтувањето и употребата на насилство врз цивилите. Ова не е наш пат. Треба итно да го осигураме редот и да дозволиме Израелската војска, полиција и безбедносни сили да ги фатат овие гнасни терористи“, напиша Херцог.

Од друга страна, во писменото соопштение на Израелската војска се вели дека во населените места Јахудије и Самарија се испратени две дополнителни воени единици поради немирите во Наблус, и дека зголемени се безбедносните пунктови во близина на Наблус.

– Организиран напад на еврејските доселеници врз Палестинците во Наблус –

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека починал 37-годишниот Самих Хамдалах Махмуд Акташ кој беше ранет во стомакот со жива муниција во оружениот напад на еврејските доселеници во населбата Затера во Наблус.

Акташ, кој е жител на подрачјето на Бејта, доброволно учествувал во операциите за пребарување и спасување по земјотресот во Туркије.

Еврејските доселеници со молотови коктели извршија напад во ова подрачје и запалија бројни куќи, деловни простории и возила на Палестинците.

Според веста на новинската агенција „ВАФА“, во овие немири загинал Палестинецот Акташ, над 390 Палестинци се ранети со вистински куршуми како и со метални куршуми покриени со гума, биле изложени на физички напад и биле погодени од солзавец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Во пожарот кај Охрид пеплосана голема површина трска, пожарникарите четири часа внимавале да не бидат зафатени и околните куќи

Следно

Незнаењето го плаќаме со живот: Порака од човек кој работел на железничката станица во Илинден

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 3 мај 2024

Биĸ Можни несогласувања со работното опкружување најдобро ќе ги решите со компромисно решение и јасно дефинитани

Идеална држава

Необични партиски ветувања Според Платон, „сите луѓе не се еднакво способни за истите задачи. Затоа е