Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

May 9, 2025
1 min read

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, кој е лоциран веднаш до засолниште за раселени лица во северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Медицински извор за Анадолу изјави дека најмалку четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се повредени кога израелската армија го бомбардирала центарот за хуманитарна помош на УНРВА во бегалскиот камп Џабалија.

Дописникот на Анадолу јави дека објектот бил во близина на поранешна клиника на УНРВА, која била претворена во засолниште за раселени семејства откако престанала со работа поради претходно нејзино бомбардирање.

Очевидци за Анадолу изјавија дека во тек се напорите за спасување на повредените Палестинци во нападот.

Речиси 52.800 Палестинци се убиени во Газа во бруталната израелска офанзива од октомври 2023 година, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

Latest from Blog

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни
Go toTop