Израелски министер: Над 120.000 парчиња оружје поделено на Израелците, вооружувањето продолжува

October 7, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, изјави дека од 7 октомври минатата година на Израелците им биле поделени над 120.000 парчиња оружје и дека вооружувањето ќе продолжи, јавува Анадолу.

„Повеќе од 120.000 парчиња оружје им се поделени на граѓаните што ги исполнуваат условите, а уште десетици илјади добија условно одобрение“, напиша Бен-Гвир на платформата X.

Тој наведе дека отвориле повеќе од 900 нови оддели за да обезбедат обука за оружје за илјадници верски, секуларни, десничарски и левичарски доброволци низ Израел.

„Добивме безброј критики, но одлучни сме и имаме намера да продолжиме да го вооружуваме Израел“, рече Бен-Гвир.

Тој тврди дека сѐ додека израелските заробеници во Газа не се вратат дома, ќе продолжат да работат со сите сили за да постигнат целосна победа во Појасот Газа, Либан, Иран, Западниот Брег и на други места „каде што газат нивните непријатели“.

И покрај влошената ситуација на либанската граница, Бен-Гвир рече:

„Израелците на северот сигурно ќе се вратат во своите градови.“

Министерот за национална безбедност на Израел од крајната десница спроведува политика на вооружување на Израелците околу Појасот Газа, Западниот Брег и либанската граница од октомври 2023 година, кога почнаа израелските напади врз Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски – Рокас: Интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на Унијата

Следно

Смртни закани кон Гризман од навивачи на Реал Сосиедад

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop