„Израел станува сѐ повеќе и повеќе отуѓен и изолиран поради неговата политика“

May 14, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, денес по средбата со неговиот австриски колега Александар Шаленберг во Анкара, изјави дека Израел, кој ја продолжува својата воена офанзива во Појасот Газа повеќе од седум месеци, станува сѐ повеќе отуѓен и изолиран поради својата политика, јавува Aнадолу.

„Израел станува сѐ повеќе и повеќе отуѓен и изолиран од меѓународната заедница“, рече Фидан на прес-конференција по средбата со австрискиот колега Александар Шаленберг во Анкара.

„Како што беше погрешно да се убиваат невините Евреи во концентрационите логори, подеднакво е погрешно да се убиваат невините палестински деца во нивните кревети со бомби“, нагласи Фидан, осврнувајќи се на убиството на повеќе од 35.000 Палестинци, главно жени и деца, во Газа, од 7 октомври досега, по нападот на Хамас.

Шефот на турската дипломатија рече дека израелското „убиство на илјадници невини Палестинци, раселувањето на милиони луѓе е чин на геноцид“.

„Израел го гази меѓународното право и човековите права, а дипломатските напори повторно пропаднаа поради инвазијата во Рафа“, додаде Фидан.

Хамас минатата недела го прифати предлогот на Египет и Катар за ставање крај на војната, но Израел рече дека понудата за примирје не ги исполнува неговите клучни барања и одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа, јужниот град во кој живеат повеќе од 1,5 милиони раселени луѓе.

За украинската војна што започна во февруари 2022 година, Фидан ја повтори својата посветеност да го поддржи украинскиот суверенитет, независност и територијален интегритет.

Една од темите меѓу двата министри беше и порастот на тензиите на Балканот.

„Јасно е дека Туркије и Австрија имаат потреба од поголема соработка во напорите за решавање на прашањата на Балканот“, истакна Фидан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бојата на облеката која ја носите кажува многу за вас како личност: Црната е симбол за самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Следно

Двојно убиство во скопско Стајковци

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop