„Израел нема да запре во Газа додека не ги постигне своите цели“, му рекол Нетанјаху на Бајден

1 min read

АНКАРА (АА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, вчера во разговор со американскиот претседател Џо Бајден рекол дека нема намера да ги запре нападите врз Газа сѐ додека не ги постигне своите цели, пренесува Анадолу.

Нетанјаху телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден и притоа му го честита „4 Јули – Денот на независноста“, објави Канцеларијата на израелскиот премиер.

Премиерот на Израел го известил Бајден за одлуката да прати израелска делегација на индиректните преговори меѓу Тел Авив и Хамас за размена на заробеници.

Во текот на разговорот Нетанјаху му порачал на Бајден дека Израел ќе продолжи со нападите врз Газа сѐ додека не ги постигне своите цели.

Во соопштението што претходно го издаде Мосад (Институт за разузнавачки и специјални операции), израелска разузнавачка агенција, се наведува дека страните што посредуваат во преговорите за размена на заробениците му го пренеле одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот на израелскиот преговарачки тим.

Јоав Галант, министер за одбрана на Израел, на состанокот со семејствата на заробените Израелци рекол дека администрацијата на Тел Авив е поблиску од кога било претходно до договор за размена на заробеници со палестинските групи во Појасот Газа.

Израелските медиуми објавија дека Нетанјаху одлучил да прати израелска делегација на преговори за да се постигне договор за размена на заробеници меѓу Тел Авив и Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Во Албанија е уапсен поранешен министер за здравство, направил шема за крадење од фиктивни тендери

Следно

Довербата во судско-обвинителските институции е на рекордно ниско ниво

Latest from Blog