Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл

June 9, 2025
1 min read

Во деновите од изминатиот викенд (07./08.06.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1077 издадени платни налози дури 174 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 65 возачи возеле под дејство на алкохол и исклучени се од сообраќај, додека пак 172 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење на заштитна кацига.

Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 156 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 149 за недозволено паркирање, додека пак санкционирани се 58 лица кои некористеле сигурносен појас, изречени се 24 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на црвено светло, а изречени се и три прекршоци за возачи на електрични тротинети.

Исто така а согласно Законот за возила, 49 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила заради техничка неисправност.  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фокус: Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ е тајниот сопственик на Агенцијата „Рубикон“ што ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“

Следно

Хамас: Израелското пресретнување на хуманитарниот брод за Газа е „државен тероризам“

Latest from Blog

Русија лансираше 479 дронови врз Украина

Русија лансира 479 дронови врз Украина во најголемиот напад со беспилотни летата од почетокот на војната, соопшти денеска украинското воено воздухопловство. Русија лансира и 20 различни ракети врз делови од Украина. Украинската

ИГРАЧ ОД ВЕВЧАНИ ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕН Е ПРЕМИУМ ЏЕКПОТOT НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Играч од Вевчани ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка  на Видеолотарија Касинос Австрија, ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ. Тој како најсреќен играч, ќе го вози фантастичниот МЕРЦЕДЕС АМГ.   Овој викенд го донесе највозбудливиот момент- најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на Видеолотарија Касинос Австрија- Премиум

Алкалоид ангажира седум нови ракометари

Освојувачот на ЕХФ Европскиот куп, РК Алкалоид, останува на својата определба и во следната сезона да биде клуб составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг,

Бројот на убиени Палестинци во Газа изнесува речиси 55.000

АНКАРА (АА) – Најмалку 54.927 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се

Повредено лице спасено од падините на врвот Љуботен – транспортирано на Клиника во Скопје

На 08.06.2025 во 13.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на непристапен терен на падините на врвот „Љуботен“ има повредено лице и потребно е негово извлекување. Во 19.45 часот со хеликоптер
Go toTop