Изложба „Визуелни сознанија“ за Светскиот ден на менталното здравје во Демир Хисар

1 min read

По повод Светскиот ден на менталното здравје, во фоајето на Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар денеска во 10:30 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Визуелни спознанија“.

Станувало збор за ликовни дела што содржат интимни приказни на самите автори, соопштуваат од Центарот за креативни индустрии „Небо“.

– Сликите се визуелен говор на потсвесните емотивни и психолошки состојби на учесниците и истите во голема мера се од големо значење во областа на спонтаното творештво и арт брут уметноста, се наведува во соопштението. 

Изложбата е резултат на сликарска работилница одржана во Психијатриската болница, под менторство на уметникот Тони Попов и Центарот за креативни индустрии – „Небо“, а финансиски поддржана од Министерството за култура, преку Програмата проекти од национален интерес во културата за 2024 година.

– Од 2018 година, Центарот за креативни индустрии – „Небо“ активно работи на темата ментално здравје и преку своите активности во соработка со Психијатриската болница во Демир Хисар, се залага за подигнување на свеста за важноста на менталнтото здравје и разбивање на стигмите околу менталните болести. Сликарските работилници организирани од страна на Центарот, имаат терапевтска функиција, чија цел е увид во психолошко-емоционалните состојби, што за време на креативното творештво, визуелно се пресликуваат и стануваат одраз на сите потсвесни состојби со што човекот секојдневно се соочува, се појаснува во соопштението.

ИЗВОР: racin.mk

Претходно

СО СОЛЗИ ЈА ДАДОВ ВИОЛИНАТА НА ВУЈКО МИ СТИВ НАУМОВ ЗА ИЗЛОЖБА, СЕ НАДЕВАМ НЕМА ДА ИСЧЕЗНЕ КАКО ЦРТЕЖИТЕ, ВЕЛИ СТЕФАН БОШКОВ, ВНУК НА ХЕРОЈОТ

Следно

Усвоен е Кварталниот извештај за ризиците во банкарскиот сектор ‒ задржана е стабилноста и подобрена е солвентноста  

Latest from Blog