Ива Пројковска прва жена која ќе суди натпревар од Првата македонска фудбалска лига

March 30, 2023
1 min read

Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска е првата жена која ќе ја дели правдата на еден натпревар од Првата македонска фудбалска лига.

Историскиот момент за македонскиот фудбал ќе се случи на 2 април во Тетово каде Шкендија ќе ја пречека Победа во 25.коло. Почетокот на натпреварот е закажан за 15 часот.

Помошници на Пројковска ќе бидат Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

Најдобрата македонска фудбалска судијка се наоѓа во Топ 20 делителки на правдата во Европа. Таа неодамна судеше четвртфинален натпревар во женската Лига на шампионите (Баерн – Арсенал).

Потегот на Фудбалската федерација на Македонија да ја делегира Пројковска за главен судија на натпревар од ПМФЛ е за поздравување и влева надеж дека со ова се отвора патот и за други квалитетни македонски судијки да бидат дел од прволигашки натпревари во машка конкуренција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови закани за поставени бомби низ училишта во Бугарија

Следно

Костадиновска – Стојчевска: Сите треба да си ги остварат правата, го поддржувам она што го бараат вработените во министерството

Latest from Blog

Тоневски: Првачињата со голем интерес се запознаа со работата на Општината Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со најмладите жители на општината, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со обврските на градоначалникот. На

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција – Јавните финансии ги водиме одговорно

8 октомври 2026, Скопје – Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот
Go toTop