Истрага за поткуп и проневера во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор

February 6, 2025
1 min read

Јавен обвинител од ОЈО Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата  кој се сомничи за примање поткуп и проневера во службата и за сопственик и управител на правно лице за кој постои сомневање за давање поткуп.

Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред се вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.

За второосомничениот Обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нетанјаху го пофали планот на Трамп за преземање на Газа

Следно

Голем шумски пожар во Истра, каде огнот зафати стотици хектари

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop