Иранскиот врховен лидер Хамнеи: Израел ќе биде казнет за нападот врз Конзулатот

April 2, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денес вети дека Израел „ќе биде казнет“ за нападот врз иранскиот Конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој беа убиени седум воени офицери, јавува Анадолу.

Хамнеи изјави дека „злобниот режим“ ќе биде „казнет од нивниот храбар народ“, додавајќи дека иранската војска ќе го натера Израел да „зажали за своите злосторства“.

Иранската револуционерна гарда вчера објави дека во „израелски напад“ врз нејзината дипломатска мисија во Дамаск загинале седум лица, вклучително и двајца генерали.

Хамнеи им оддаде почит на генералите, велејќи дека тагата поради нивното убиство е „тешка за иранската нација, особено за оние кои ги познаваат“.

Амбасадорот на Иран во Сирија, Хосеин Акбари, за новинарите по нападот изјави дека зградата на конзуларните работи била нападната од воени авиони Ф-35 и шест проектили, обвинувајќи го Израел.

Меѓутоа, израелското воено радио објави дека иранскиот Конзулат не бил цел на нападот, туку блиската зграда која служи како воен штаб на ИРГЦ во Дамаск, без да преземе одговорност.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси претходно денес предупреди дека „нападот на Израел“ врз зградата на Конзулатот на неговата земја во Дамаск нема да остане без одговор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Орбан в четврток во официјална посета на БиХ

Следно

Нетанјаху призна дека Израел е одговорен за убиството на 7 хуманитарни работници: „Тоа не е намерно, тоа се случува во војна“

Latest from Blog

Пробиштип остана и без Дом за стари лица

ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип е централната здравствена установа во општината, која во изминатиот период изгуби дел од својот простор поради пренамената за потребите на најавениот Дом за стари лица.

5 работи со кои се опседнуваат жените, а кои воопшто не им се важни на мажите

Кои се најчестите работи кои ги опседнуваат жените, а кои имаат мало или речиси никакво влијание врз мажите? Иако индивидуалните преференции може да варираат, сфаќањето на овие разлики може да помогне при

Раст на Гранит и Макстил, индексот МБИ10 бележи благ пораст за денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На деветти септември 2025 година, тргувањето на Македонската берза продолжи со стабилен интензитет и умерен оптимизам. Вкупниот дневен

Божиновска засади дрво како порака за здрав воздух на Меѓународниот ден

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по повод Меѓународниот ден за чист воздух и сино небо 2025, заедно со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, и претставникот на УНХЦР,
Go toTop