Пробиштип остана и без Дом за стари лица

September 9, 2025
1 min read

ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип е централната здравствена установа во општината, која во изминатиот период изгуби дел од својот простор поради пренамената за потребите на најавениот Дом за стари лица. Дел од просториите се одземени од здравствената установа, но тие денес не се користат ниту од Здравствениот дом, ниту за новата намена, што создава дополнителни потешкотии за функционирање на установата.

Првичниот план за проектот „Дом за стари лица“, најавуван од актуелниот градоначалник Драган Анастасов, предвидува изградба на нов, посебен објект. Наместо тоа, беше започната реконструкција на дел од постојната зграда на Здравствениот дом. Овој потег отвори прашања во јавноста за влијанието врз здравствените услуги, бидејќи одземениот простор ја намали функционалноста на установата и ги влоши условите за работа на лекарите и останатиот персонал.

Дополнителна неизвесност создава фактот дека градежните активности во пренаменетиот простор се стопирани, а локалната власт досега не понуди официјално објаснување за причините. Како резултат на тоа, општината моментално нема нов капацитет за згрижување на постарите лица, додека Здравствениот дом функционира со намален простор и ограничен капацитет.

Иако Домот за стари лица беше претставуван како приоритетен проект со пошироко значење за Пробиштип и регионот, денес неговата иднина останува нејасна. Неупотребливите простории и стопираниот процес го отвораат прашањето кога и дали граѓаните ќе добијат решение кое ќе обезбеди пристап до подобрени здравствени услуги.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

5 работи со кои се опседнуваат жените, а кои воопшто не им се важни на мажите

Следно

Независниот Николовски со поддршка од Левица за подобра Битола

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop