Иран: Во експлозија во зграда загинаа 5, повредени 2 лица

March 12, 2023
1 min read

Пет лица загинаа, додека две лица се повредени во експлозијата што се случи во една зграда во иранскиот град Тебриз, пренесува Анадолу.

Портпаролот на Службата за прва помош во иранската покраина Источен Азербејџан, Вахид Шади, во изјава за Новинската агенција на ирански студенти (ИСНА) истакна дека настанала експлозија во зграда во подрачјето на Манзарије во Тебриз.

„Како резултат на експлозијата во Манзарије, што се наоѓа во Тебриз, загинаа 5 лица, а повредени се 2 лица“, рече Шади.

Тој информира дека експлозијата предизвикала штета на бројни куќи во околината, и дека продолжуваат операциите за пребарување и спасување.

Шади нагласи дека продолжуваат истражувањата за откривање на причината за експлозијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украинци бегаат од британското здравство

Следно

Францускиот Сенат го усвои предлогот на Макрон за реформа во пензискиот систем

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop