Иран помилува околу 22.000 демонстранти

March 13, 2023
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Шефот на иранското правосудство, Мохсени Еџеи, денес изјави дека околу 22.000 лица што биле приведени за време на повеќемесечните протести во Иран се помилувани, јавува Анадолу.

Обраќајќи се на состанокот на највисокиот судски совет, Еџеи рече дека досега 82.000 луѓе се помилувани по декретот издаден од иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

„Од нив, 22.000 луѓе беа осудени за време на немирите или беа помилувани пред да бидат изречени правните пресуди“, додаде тој.

Околу 25.000 или беа ослободени од затвор или им беа поништени затворските казни, додека на останатите (34.000) им беа намалени казните.

Шефот на правосудството, пак, појасни дека обвинетите за „насилни кривични дела и кражби“ не се опфатени со општата амнестија.

Амнестијата опфаќа голем број случаи на оние на кои им се суди или беа осудени поради повеќемесечните масовни демонстрации и немири по смртта на младата Махса Емини.

Според иранските власти, најмалку 200 луѓе биле убиени во немирите, додека западните групи за човекови права проценуваат дека повеќе од 500 загинале.

На листата на амнестирани не можеа да се најдат поединци кои се товарат за тешки кривични дела како што се шпионажа за странци, контакт со странски разузнавачки служби, извршување воени злосторства, намерно убиство или ранување, уништување и палење на воени или јавни објекти, членство во субверзивни групи и оние со повеќе криминални досиеја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Матурантите бараат да им се намали материјалот за полагање државна матура

Следно

Исчезна 35-годишен маж од Скопје

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop