Институт за војна: Најавата на Путин е неважна

March 26, 2023
1 min read

Американскиот институт за проучување на војната ја оквалификува како неважна најавата на Кремљ за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија во однос на ризикот од ескалација на конфликтот во нуклеарна војна.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин се обидува да ги искористи западните стравови од нуклеарна ескалација со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија“, посочува Институтот.

Путин претходно најави дека тактичкото нуклеарно оружје ќе биде лоцирано во поранешната советска република Белорусија и дека Минск и Москва заедно ја донеле одлуката.

Институтот во својата најнова оценка посочува дека и натаму „гледа на Путин како актер кој не сака да ризикува, кој постојано се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје без никаква намера да го направи тоа за да ја скрши решителноста на Западот“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лидерот на турски Дијанет, Ербаш, ги повика Данците да го прочитаат Куранот

Следно

Милевски и Елмас: Максимално ангажирано и на победа против Фарски Острови

Latest from Blog

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени
Go toTop