Екипата на Индијана пејсерс води со 1:0 во полуфиналето на НБА-плејофот, откако ноќеска на гостувањето кај Њујорк забележа победа со 138:135 по продолжение.
Најефикасни на теренот беа Џејлен Брунсон со 43 и Карл-Ентони Таунс со 15 поени, но тие не успеаја да го спречат поразот на домаќините.
Во победничкиот состав најефикасен кошаркар беше Тајрис Халибартон со 31 поен.
Во финалето на Западната конференција, Оклахома води против Минесота, исто така со 1:0 во серијата прв до четири победи.
Извор: kurir.mk