Индија: Во Њу Делхи се забележани рекордни 49,9 степени Целзиусови

1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Топлотен бран зафати неколку делови на Индија, а главниот град Њу Делхи вчера ја забележа највисоката температура во историјата досега, објавија индиските власти, јавува Анадолу.

Според Метеоролошкиот институт на Индија, две области во Њу Делхи вчера забележаа температура од 49,9 степени Целзиусови.

Во неколку други индиски градови температурата исто така надмина 49 степени, додека Чуру во западната држава Раџастан достигна 50,5 степени Целзиусови.

Метеоролозите објавија дека условите од „топлотен бран до силен топлотен бран“ веројатно постепено ќе се ублажат во северозападна и централна Индија од 30 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Од странска земја испратени масовни заканувачки мејлови до училишта во Атина

Следно

Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Latest from Blog