Има ли Скопје капацитет за прекуокеански летови?

October 21, 2024
1 min read

Македонската влада планира во иднина да воведе интерконтинентални летови од Меѓународниот аеродром Скопје, објави порталот exyuaviation.com. Како што пишува во нивната објава, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, изјавил дека веќе почнале да работат на тоа и свесен бил оти е тоа голема амбиција.

„Владата има планови да организира интерконтинентални летови од скопскиот аеродром, што ќе биде единствен случај не само за земјата, туку и во регионот. Веќе почнавме да работиме на тоа и верувам дека е голема амбиција, но ќе имаме голема корист од тоа. Ова ќе биде од големо значење за целата земја бидејќи имаме голема дијаспора која сака да лета нон-стоп од Скопје, но исто така ќе помогне да се привлечат туристи не само во нашата земја, туку и во регионот“, истакна Николовски.

Тој не прецизира како ќе се воспоставуваат летови на долги релации од Скопје. Во 2017 година, тогашната македонска Влада разговараше за воведување летови од Скопје до САД и Канада со извршниот директор на Туркиш ерлајнс, Билал Екси. Македонија и Турција имаат договор за отворено небо и со Соединетите Американски Држави и со Канада кој дозволува турски авиопревозник да лета до овие дестинации.

Но, за да може Скопје да обезбеди летови до САД, ќе мора да помине на ревизија од американските власти.

Дополнително, нејасно е дали македонските аеродроми имаат капацитет и ги исполнуваат условите за прекуокеански летови.

Николоски ваквата изјава ја дал на годишната конференција во организација на Меѓународната федерација на асоцијации на контролори на летање која деновиве се одржа во Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Негативни на птичји грип се резултатите на вработените во Зоо Скопје

Следно

МИХАИЛ РЕНЏОВ ОД СЕКАДЕ НОСЕШЕ КАМЕН И ВО СВОЈОТ ДВОР ВО НЕРЕЗИ ГО ЅИДАШЕ ЅИДОТ НА ПОЕЗИЈАТА, РЕЧЕ ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ПОЕТОТ

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop