Има ќар и од две недели детокс од социјални мрежи

1 min read

Учесниците во студијата се на возраст од 18 до 30 години сите од Универзитетот во Онтарио, и сите се водат како редовни корисници на социјални мрежи кои трошат по најмалку еден час на најразлични апликации.

Од нив не било побарано да го заборават телефонот, туку користењето на социјалните мрежи да го сведат на само половина час дневно и тоа во период од две недели.

Периодот од 30 минути е избран како оптимален за да може да се забележи ако има разлика кај испитаниците, но не и да е премногу драстичен за тие да не можат да го завршат детоксот од две недели.

По завршувањето на постот, немало никакви негативни последици, а имало подобрување на квалитетот на сон и траењето на сонот за време на детоксот, зголемено задоволство од живот и намалено ниво на стрес. Во исто време детоксот нема некое позначајно влијание на нивото на физичка активност, седечко однесување и разумно јадење.

На најголемиот дел од учесниците им олеснало што не се под притисок да одржуваат присуство на социјалните мрежи (да објавуваат или коментираат), но одредени учесници пријавиле дека се чувствуваат дисконектирани од семејството и пријателите.

Намаленото користење социјални мрежи на крај не го намалило времето потрошено на телефон, бидејќи корисниците само се префрлиле на играње игрици или повеќе работење преку телефон.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот ирански претседател

Следно

Искри во „медениот месец“ на владината коалиција

Latest from Blog