Илјадници сириски бегалци се враќаат дома по падот на режимот на Асад

June 2, 2025
1 min read

ИДЛИБ/ИСТАНБУЛ (АА) – По години поминати во страдање и тешки услови во бегалски кампови, илјадници сириски цивили почнаа да се враќаат во својата татковина откако во земјата се воспоставени мир и безбедност по падот на режимот на Башар ал-Асад.

Милиони Сиријци беа принудени да ја напуштат својата земја и да побараат прибежиште во соседните држави, бегајќи од масовното уништување и влошената хуманитарна криза за време на владеењето на Асад.

„Живеевме во навистина сурови услови во бегалските кампови. Но сега, фала Богу, нашата земја е ослободена“, изјави Мохамад Рахмон, кој по шест години прогонство се врати во родното село Кафар Сињах, во јужниот дел на областа на Идлиб.

„Се враќаме во нашата татковина, дури и ако е уништена“, рече тој.

Иако селото е речиси целосно уништено од воздушните напади на поранешниот режим, Рахмон планира да постави шатор врз урнатините на својата куќа – како симбол на неговата посветеност на татковината.

Ал-Реззак Мохамед, друг жител на Кафар Сињах, сведочи дека преживеале големи страдања откако во 2019 година биле принудени да ја напуштат Сирија.

„Претрпевме многу – од сурови временски услови до целосен недостиг на инфраструктура“, рече тој.

„Сега се враќаме во нашето село и покрај уништувањето. Бидејќи, колку и да е тежок животот во селото, тој е достоинствен во споредба со животот во бегство“, додаде Мохамед.

„Но задоволството и радоста од враќањето ја надминуваат тагата поради уништувањето“, рече тој.

Башар ал-Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, побегна во Русија во декември, што го означи крајот на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Ахмад ал-Шараа, кој ги предводеше антирежимските сили во соборувањето на Асад, беше прогласен за привремен претседател кон крајот на јануари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов обид за една изборна единица – партиите начелно согласни, но секој излегува со свои предлози

Следно

МЗ потпишало договор со уште лекари од скопските клиники за лекување на повредените од Кочани

Latest from Blog

Бугарија се надева на зелено светло од Европската комисија за воведување на еврото

Надежите на Бугарија за приклучување кон еврото денеска може да добијат клучен поттик, кога Европската комисија ќе го даде своето мислење за тоа дали земјата ги исполнила условите за приклучување кон заедничката

НАТО ќе ги засили одбранбените планови поради тековната руска закана

НАТО планира значително да ги прошири своите воени капацитети за зајакнување на одвраќањето и одбраната од континуираната закана од Русија, со планови за зголемување на постојните цели за околу 30 отсто, дознава

Промоција на поштенска марка за 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

По повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик денеска ќе се одржи промоција на јубилејна поштенска марка. Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, на промоцијата што ќе

Сончево и топло – температурите до 35 степени!

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец Минималната температура
Go toTop