Илјадници понуди за посвојување на бебето што се роди под урнатините во Сирија

February 10, 2023
1 min read

Бебето се вика Аја што на арапски значи чудо. Кога спасувачите го пронајдоа тоа со папочната врвца беше врзано за мртвата мајка. Девојчето во моментов е хоспитализирано во болница чиј директор исто така има бебе кое е четири месеци постаро од Аја, па неговата сопруга сега ги дои и двете бебиња

Илјадници луѓе се понудија да го посвојат девојчето кое се роди под урнатините од зграда во северозападна Сирија, по разорниот земјотрес во понеделникот, пишува Би-би-си.

Кога беше спасено, бебето сè уште беше поврзано со папочната врвца со мајката. Видеата од нејзиното спасување станаа вирални.

Се вика Аја што на арапски значи чудо.

Аја сега е во болница.

„Таа пристигна во понеделникот во лоша состојба, имаше модринки, беше ладна и едвај дишеше“,

вели педијатарот што се грижи за неа, Хани Маруф.

Бебето сега е во стабилна состојба. Во болница го однел подалечен роднина.

Во својата сторија „Би-би-си“ наведува дека илјадници луѓе преку социјалните мрежи побарале детали како може да ја посвојат, но одредени информации се дека нејзиниот вујко ќе се грижи за неа.

Докторот и директор на болницата каде е сместена Аја вели дека и тој добил десетици повици со понуди за посвојување од целиот свет.

„Нема да дозволам некој да ја посвои сега. Сè додека не се врати нејзиното далечно семејство, ќе ја третирам како моја“,

вели менаџерот Атија.

Тој има ќерка која е четири месеци постара од Аја, па неговата сопруга сега ги дои и двете бебиња.

Родниот град на Аја е Џиндарис. Нејзината мајка, татко и сите четири братчиња и сестрички загинаа во земјотресот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ШПАНСКИ РЕЖИСЕР КАРЛОС САУРА

Следно

Сириската влада одобри испорака на хуманитарна помош преку линијата на фронтот од 12-годишната војна

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop